СЛАБ Е ИНТЕРЕСОТ НА ТОП-АГЕНТИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОШАРКАРИ

Антиќ има цена, „тука некаде“ е само уште Осман

Во овој момент имаме само двајца претставниците во најсилното европско натпреварување. Интересно, застапувани се од две различни менаџерски агенции од оние десет кои ја „држат" најквалитетната европска лига.

објавено: 10 јануари 2017 - 20:00

На половина од натпреварите во Евролигата, порталот „Еурохупс" направи еден навистина интересен пресек.
Да, овојпат не е поврзан со некои броеви, статистики, или нешто слично, туку станува збор за тоа кој работи со најквалитетните кошаркари кои во овој момент настапуваат на Стариот контиент. Пред се во најсилната европска лига - Евролигата.
А кога станува збор за нашите претставници во најсилната конкуренција, фактите велат дека во овој момент имаме само двајца кошаркари репрезентирани на највисоко можно менаџерско ниво.
И двајцата играат во првенството на Турција и тоа во најдобрите клубови од Истанбул.
Не е тешко да се погоди, тоа се Перо Антиќ, кој ја турка втората година како играч на Фенербахче, и „староседелецот" во Анадолу Ефес, Чеди Осман.
Интересно, застапувани се од две различни менаџерски агенции од оние десет кои ја „држат" најквалитетната европска лига.
Веќе неколку години, зад сите активности на Антиќ стои веројатно и најголемата и најдобра менаџерска групација во овој момент во Европа, „Беобаскет".
Група зад која стои Мишко Ражњатовиќ, една од најдоминатните фигури во европска кошарка. Особено ако се земе в предвид дека Антиќ е само еден од неговите 35. клиенти кои се „активен" дел од Евролигата.


Охриѓанецот Чеди Осман кој освен македонското има и турско државјанство е клиент на агенцијата „Истбаскет", која пак е турска „филијала" на „Беобаскет". И во која во најголем дел „членуваат" кошаркари кои се со потекло од Турција, а играат во најголемите клубови од оваа земја во која се вложуваат и најголеми пари во овој момент.
Според анализата на овој признат европски кошаркарски портал, евролигашките играчи се „разделени" во вкупно десет менаџерски агенции и дека освен „Беобаскет", со бројката од 24 кошаркари, високо котира „Васерман" која ја предводи уште еден српски агент, Александар Рашковиќ.

БЕОБАСКЕТ
Василис Спанулис (Олимпијакос), Кем Бирч (Олимпијакос), Џејмс Фелдин (Панатинаикос), Деметрис Николс (Панатинаикос), Мајк Цирбес (Макаби), Квинси Милер (Макаби), Ди Џеј Сили (Макаби), Гал Мекел (Макаби), Боби Диксон (Фенербахче), Перо Антиќ (Фенербахче), Владимир Мицов (Галатасарај), Емир Прелџиќ (Галатасарај), Џон Диблер (Галатасарај), Маркус Слотер (Дарушафака), Вил Клејбурн (Дарушафака), Анте Жижиќ (Дарушафака), Брајант Данстон (Ефес), Томас Ертел (Ефес), Лео Вестерман (Жалгирис), Леон Радошевиќ (Бамберг), Немања Дангубиќ (Ц. Звезда), Бранко Лазиќ (Ц. Звезда), Марко Гудуриќ (Ц. Звезда), Марко Симоновиќ (Ц. Звезда), Милко Бјелица (Ц. Звезда), Чарлс Џенкинс (Ц. Звезда), Огњен Добриќ (Ц. Звезда), Латавиус Вилијамс (УНИКС), Антон Понкрашов (УНИКС), Отело Хантер (Реал Мадрид), Кајл Хајнс (ЦСКА), Џамал Меклин (Милано), Џастин Долман (Барселона), Џои Дорси (Барселона), Алекс Ренфро (Барселона)

ВАСЕРМАН
Јака Блажич (Басконија), Илимане Диоп (Басконија), Рафа Лус (Басконија), Лука Штајгер (Бамберг), Алексеј Николиќ (Бамберг), Бориша Симаниќ (Ц. Звезда), Стефан Јовиć (Ц. Звезда), Петар Ракичевиќ (Ц. Звезда), Мантас Калниетис (Милано), Крунослав Симон (Милано), Аваду Абас (Милано), Симоне Фонтекио (Милано), Виктор Клавер (Барселона), Богдан Богдановиќ (Фенербахче), Јан Весели (Фенербахче), Берк Угурлу (Фенербахче), Никола Калиниќ (Фенербахче), Блејк Шилб (Галатасарај), Треј Томпкинс (Реал Мадрид), Паулиус Јанкунас (Жалгирис), Робертас Јавтокас (Жалгирис), Едгарас Улановас (Жалгирис), Ајзеа Хартенштајн (Жалгирис), Паулиус Валинскас (Жалгирис).

ОКТАГОН ЕВРОПА
Јоргос Принтезис (Олимпијакос), Ерик Грин (Олимпијакос), Адам Ханга (Басконија), Кеј Си Риверс (Панатинаикос), Никос Зисис (Бамберг), Даниел Тајс (Бамберг), Пау Рибас (Барселона), Брок Мотум (Жалгирис), Аугусто Лима (Жалгирис), Ален Омиќ (Ефес), Димитриос Аграванис (Олимпијакос), Доминик Воутерс (Олимпијакос), Елијас Харис (Бамберг), Јанис Атинају (Олимпијакос)

БДА СПОРТС
Тибор Плајс (Галатасарај), Дерик Браун (Ефес), Никос Папас (Панатинаикос), Џејмс Гист (Панатинаикос), Данијел Хекет (Олимпијакос), Зоран Драгич (Милано), Кори Хигинс (ЦСКА), Орландо Џонсон (УНИКС), Донте Дрејпер (Реал Мадрид), Ентони Рејндолф (Реал Мадрид), Џеф Тејлор (Реал Мадрид), Лука Дончиќ (Реал Мадрид), Чејс Бадинџер (Басконија), Торнике Шенгелија (Басконија)

ИСТБАСКЕТ 
Чеди Осман (Ефес), Самет Гејик (Ефес), Берк Демир (Ефес), Џан Максим Мутаф (Ефес), Метин Тирен (Дарушафака), Биркан Батук (Дарушафака), Фуркан Алдемир (Дарушафака), Мелих Махмутоглу (Фенербахче), Ахмет Дувериоглу (Фенербахче), Барıш Хершек (Фенербахче), Егехан Арна (Фенербахче), Гексенин Коксал (Галатасарај), Еге Арар (Галатасарај), Џан Коркмаз (Галатасарај)

СПОРТ ПРОМОУШНС
Стратос Перпероглу (Барселона), Александер Везенков (Барселона), Шејн Ларкин (Басконија), Јанис Папапетру (Олимпијакос), Патрик Јанг (Олимпијакос), Дион Томпсон (Ц. Звезда), Екпе Јудо (Фенербахче), Милош Теодосиć (ЦСКА), Кит Ленгфорд (УНИКС), Костас Кајмакоглу (УНИКС)

АСМ/ЈУ ФРСТ
Андреа Барњани (Басконија), Тадас Седекерскис (Басконија), Маркус Ериксон (Барселона), Скоти Вилбекин (Дарушафака), Џејмс Андерсон (Дарушафака), Џејсон Гренџер (Ефес), Дешон Томас (Ефес), Ендрју Гаудлок (Макаби), Реналдас Сеибутис (Жалгирис)

ПРИОРИТИ СПОРТС
Ким Тили (Басконија),Џејси Керол (Реал Мадрид), Тајрис Рајс (Барселона), Остин Деј (Галатасарај), Кевин Пангос (Жалгирис), Лук Харангоди (Дарушафака), Маодо Ло (Бамберг)

ТАГАР СПОРТС
Семих Ерден (Дарушафака), Огуз Саваш (Дарушафака), Орхан Хацијева (Галатасарај), Огулкан Бајкан (Εфес), Вагелис Манцарис (Олимпијакос), Мехмет Јагмур (Дарушафака)

АЛТИ СПОРТС
Џејмс Огустин (ЦСКА), Витали Фридзон (ЦСКА), Виктор Хријапа (ЦСКА), Вадим Панин (УНИКС), Руслан Хабиров (УНИКС)

Најново во Кошарка