ПО УБЕДЛИВИОТ ПОРАЗ ОД БАРСЕЛОНА

Антиќ: Катастрофа! Сите треба да се погледнеме во огледало

Црвена Звезда на гостувањето кај Барселона беше декласирана со 88:54. Тимот на Перо Антиќ се посрамоти на овој дуел, откако во последната четвртина постигна само пет поени.  

објавено: 10 март 2018 - 11:02

Црвена Звезда на гостувањето кај Барселона беше декласирана со 88:54. Тимот на Перо Антиќ се посрамоти на овој дуел, откако во последната четвртина постигна само пет поени. Некогашниот капитен на македонската репрезентација кој мечот го заврши со четири поени беше самокритичен како и секогаш:

„Тренерот знае најдобро. Ние на теренот изгледавме катастрофално, за тоа сме виновни само ние играчите. Стручниот штаб добро го подготви натпреварот, а ние не го испочитувавме договорот. Останавме долго време во соблекувалната, разговаравме и сега треба да извлечеме поука од сето ова. Доколку не го сториме тоа ќе имаме проблем.
Сите играчи, вклучувајќи ме и мене, мора да се погледнат во огледало и грешките да ги бараат во себе. За да му погомнеш на тимот мора да бидеш самокритичен", изјави Антиќ.

Како пример за помладите кошаркари го зеде Наваро...

„Наваро ни покажа како на 37 години може еден играч да игра пресинг по целиот терен. Ова треба да го видат младите играчи. Одиме понатаму, ова е една голема школа".

Најново во Кошарка