ПОРАДИ КЛУПСКИ ОБВРСКИ

Антиќ не доаѓа да ја прими наградата за најдобар во Македонија

Најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, нема да присуствува на утрешната свечена церемонија на прогласување на најдобрите за 2017 година.

објавено: 24 декември 2017 - 20:40

Перо Антиќ, кој е член на Црвена Звезда, утре вечер со својот тим има гостување во Сремска Митровица кај Мега Бемакс.

Иако е настинат, македонскиот центар ќе биде дел од составот на Звезда, и тоа значи дека наградата за играч на годината ќе ја прими некој од неговото семејство, како што тоа се случуваше и во минатото, најчесто неговиот најголем син.

Перо имаше исклучително успешна година на клупски план, со Фенербахче освои титула во Евролигата, прв трофеј за турски клуб во најсилното натпреварување на Стариот континент.

Иако веќе четири години нема играно за националниот тим на Македонија, но тоа не му беше земено за зло од страна на тренерите, судиите, играчите и новинарите кои учествуваа во гласањето, па Антиќ доби најмногу гласови во изборот на МКФ за да биде прогласен како најдобар.

Најново во Кошарка