Пред утрешното гостување во Белград

Антиќ признава: Звезда е одлична кога игра пред „делиите“

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ повторно е во центарот на вниманието во српските медиуми. Пред утрешниот дуел меѓу Црвена Звезда и Фенербахче, тој призна дека „црвено-белите“ се силни пред домашната публика.

објавено: 11 јануари 2017 - 15:00

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ повторно е во центарот на вниманието во српските медиуми. Причина за ова е гостувањето на Фенербахче кај Црвена Звезда во рамките на 17. коло од Евролигата.

Некогашниот репрезентативец е свесен дека ги чека тежок натпревар, особено ако се земе во предвид дека „црвено-белите“ оваа сезона се неверојатно добри кога играат на домашен терен.  

„Не очекува доста тежок натпревар. Звезда фати залет и игра во добар ритам особено пред ’делиите’. Мора да одиграме паметно во текот на сите 40. минути, доколку сакаме да оствариме добар резултат“, рече Антиќ, кој додаде: „И ние имаме свои адути и квалитети. Ќе има голема борба и одлична атмосфера“.

Дуелот меѓу Црвена Звезда и Фенербахче се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Најново во Кошарка