И пораз и малер

Антиќ се повреди, не игра со Макаби, веројатно ќе го прескокне и Скопје

Перо Антиќ ја обнови повредата на стопалото и сигурно не патува за Израел, на мегдан на Макаби во Тел Авив, а веројатно ќе го прескокне и гостувањето во Скопје, против македонскиот првак МЗТ

објавено: 16 јануари 2018 - 21:48

Перо Антиќ ја обнови повредата на стопалото и сигурно не патува за Израел, на мегдан на Макаби во Тел Авив, а веројатно ќе го прескокне и гостувањето во Скопје, против македонскиот првак МЗТ.

Антиќ вечерва одигра нешто помалку од 13 минути за Црвена Звезда против Химки, но целата ситуација испадна со контраефект.

Српскиот првак загуби во меч од Евролигата против Химки и го загуби Антиќ. Против Макаби „црвено-белите“ ќе играат во четврток и нашиот кошаркар сигурно не игра, а веројатно ќе отсуствува и од мечот во понеделник со МЗТ во Скопје, во рамки на АБА лигата.

Најново во Кошарка