Македонскиот кошаркар е во одлична форма

Антиќ со нов серијал на забивања, тројки...

Перо Антиќ повторно беше клучниот играч на Фенербахче, овој пат во турскиот шампионат. Некогашниот капитен на македонската репрезентација постигна 15 поени во триумфот над Истанбул од 76:62.

објавено: 18 октомври 2016 - 07:30

Перо Антиќ дефинитивно е во одлична форма. Македонскиот кошаркар повторно ја имаше главната улога во таборот на Фенербахче, но овој пат во турската Суперлига. Некогашниот капитен на нашата репрезентација со 15 поени беше прв стрелец во убедливиот триумф над Истанбул од 76:62.

Антиќ и на оваа средба приреди нов серијал на забивања и тројки...

„Македонската ѕвезда имаше висок процент на реализација на шутевите од надвор. Со неговите атрактивни забивања знае да го „запали“ целиот тим. Тој е причината за убедливата победа на Фенербахче“, пишаа тамошните медиуми.

За избраниците на Жељко Обрадовиќ ова беше прва победа во Суперлигата, на отварањето на сезоната Фенербахче беше поразен од Ушак Спортиф.

 

Најново во Кошарка