Македонецот скромен, неговиот тим поразен

Антиќ со „седумка“, Фенер „киксна“ со Басконија

Македонскиот интернационалец постигна седум поени во поразот на својот тим на домашен терен од Басконија со 74:79

објавено: 9 март 2017 - 20:39

Перо Антиќ и Фенербахче имаа настап за заборав против Басконија. Турскиот шампион на домашен терен неочекувано беше поразен со 74:79. И покрај тоа што фаворитската улога беше на страната на Фенер, истата не беше оправдата. Антиќ на своето конто додаде седум поени.

Нашиот кошаркар уфрли една тројка, додека преостанатите четири коша ги даде од линијата за слободни фрлања. Недоволна беше одличната партија на Богдановиќ кој имаше 26 поени. Лидер во гостинскиот тим беше Ларкин кој за 29 минути игра постигна 19 кошеви.

И покрај овој пораз, Фенербахче останува на четвртото место, додека оваа победа беше важна за Басконија која грчевито се бори за влез меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

Најново во Кошарка