Во интервју за „Ало“, Македонецот призна

Антиќ: Со Жељко секогаш е напнато

Некогашниот капитен на „црвено-жолтите“ и единствениот Македонец кој настапувал во НБА-лигата, вели дека жестоките реакции на Жељко Обрадовиќ се составен дел од карактерот на искусниот стратег.

објавено: 10 декември 2016 - 12:05

Перо Антиќ секогаш е неисцрпна тема за српските медиуми. Некогашниот капитен на нашата репрезентација и единствениот Македонец, кој настапувал во НБА-лигата во интервју за „Ало“ признава дека со Жељко Обрадовиќ е секогаш напнато, но токму жестоките реакции на искусниот стратег се причината за добрите игри на неговиот тим.

„Со Обрадовиќ секогаш е напнато. Токму ова доликува на неговиот карактер. Секогаш се обидува да не разбуди и да не изведе на правиот пат. Сепак одредени работи би ги оставил само за во соблекувалната", вели Антиќ.

Искусниот кошаркар потенцира дека Евролигата полека наликува на НБА-лигата...

„Евролигата стана доста напорна. Нема многу време за подготовка за следниот натпревар, нема време за одмор. Целта е да биде како НБА-лигата и засега на челниците на ова натпреварување добро им оди. Колку што имав можност да прочитам гледаноста на Евролигата значително е зголемена. Сепак за нас оваа сезона е многу потешка. Во Европа повеќе се тренира од САД, каде се се сведува на патувања и натпревари. Токму затоа тука зачестија и повредите", изјави Антиќ.

 

Најново во Кошарка