КАКО БЕШЕ СИНОЌА ВО „ПИОНИР“ ВО БЕЛГРАД

Антиќ веројатно за ова мисли кога збори за атмосфера (Видео)

Црвена Звезда со 80:72 славеше против големиот ривал Барселона, во второто коло од Евролигата

објавено: 21 октомври 2017 - 10:00

Црвена Звезда со 80:72 славеше против големиот ривал Барселона, во второто коло од Евролигата. Речиси во текот на целиот меч, „црвено-белите" водеа и на крајот заслужено славеа. Дуелот се играше во салата „Пионир", која беше исполнета до последно место.

Она што беше за паметење е атмосферата која беше создадена во текот на сите 40 минути. Нашиот интернационалец Перо Антиќ со 10 поени беше еден од најзаслужните за триумфот. По средбата, Антиќ потенцираше дека атмосферата била феноменална. 

Почувствувајте дел од атмосферата и тоа како беше во „Пионир“. 

Најново во Кошарка