ГОЛЕМ ПЛУС ЗА ЗВЕЗДА ВО ПРЕСРЕТ НА ПЛЕЈОФОТ ВО СРБИЈА

Антиќ заигра после пауза од еден ипол месец

Без Антиќ, „црвено-белите“ ја загубија финалната серија во АБА лигата, а сега ќе пробаат барем во домашното првенство да освојат трофеј

објавено: 12 мај 2018 - 20:45

Одлична вест за Црвена Звезда е враќањето на македонскиот центар Перо Антиќ. Вечерва Антиќ настапи на гостувањето кај Златибор и тоа му е прв меч по паузата од еден ипол месец. Перо немаше играно уште од 25 март, кога Звезда разигруваше во полуфиналето на плејофот. 

Антиќ имаше кратко време да се запознае со тренерските способности и идеи на новиот предводник на Звезда, Миленко Топиќ. Вечерва во Чајетина, тренерот Топиќ му даде на Перо да игра 16 минути, во кои искусниот кошаркар придонесе со три поени (погоди една тројка од четири обиди), пет скока и четири изнудени лични грешки. Гостите од Белград победија со 89:75. 

Најново во Кошарка