Евролигашот не греши двапати

Банвит ги испоти Антиќ и Фенербахче

Фенербахче не дозволи нов кикс во турскиот шампионат, на домашен терен го совлада Банвит со 76:71. Македонскиот интернационалец мечот го заврши со осум поени.  

објавено: 11 декември 2016 - 13:12

Екипата на Фенербахче не дозволи нов кикс во турскиот шампионат, по поразот од Тофаш во минатото коло. Избраниците на Жељко Обрадовиќ на домашен терен го совладаа Банвит со 76:71 (19-18, 16-18, 19-20, 22-15) благодарение на нешто подобрата игра во последната четвртина.

Македонскиот кошаркар во редовите на Фенер, Перо Антиќ средбата ја заврши со осум поени, а најефикасен беше Калиниќ со 16 поени.

По 10. коло Фенербахче е на второто место на табелата со 18 бода исто колку и првопласираниот тим на Бешикташ.

 

Најново во Кошарка