НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ“

Без Перо на ПАО

После добрата седмица и победите против Валенсија и Морнар, Црвена Ѕвезда оди на тешко гостување во Атина без својот најискусен играч...

објавено: 19 март 2018 - 18:14

Само што влегоа во серија на добри игри и на победи, кошаркарите на Црвена Ѕвезда, утре вечер (20.15 часот), ги чека уште еден тежок предизвик.
За да останат со теоретски шанси за место во првите осум кои ќе играат во четвртфиналето на Евролигата, мора да бараат победа и против Панатинаикос.
Но ќе мора да го направат тоа без помошта на својот најискусен играч – Перо Антиќ. Македонскиот интернационалец не е доволно подготвен за овој меч во Атина.
Тоа го потврди и тренерот Душан Алимпијевиќ, кој освен на Антиќ не може да смета ниту на еден битен играч Немања Дангубиќ, за кого пак сезоната е завршена предвреме.
Два дена подоцна, двојната евролигашка програма за противник им го носи Фенербахче.

Најново во Кошарка