ВО ПРВАТА АНАЛИЗА ЗА НОВАТА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА СЕ ВЕЛИ

„БЕЗ СТАРЦИ НЕМА УДАР": Перо е „татко" на тимот!

На премиерниот меч во Евролигата искусниот Македонец во целост ги реализираше барањата на стручниот тим на „црвено-белите".

објавено: 14 октомври 2017 - 11:00

Србите, односно медиумите кај нашиот северен сосед, не чекаа долго за да ги извлечат првите анализи околу тоа како изгледа новиот состав на Црвена Ззезда во кој, како што и беше планирано, нашиот Перо Антиќ ќе има многу важна улога во „системот".

Иако поразени, макар и минимално (76:78), владетелите на Јадранот во изминатите три години, покажаа дека можат да се носат со побогатите клубови од себе.

А Перо Антиќ е опишан како „џокерот" на Црвена Звезда.

Идејата тој да ги има своите дваесетина минути во Евролигата, а во АБА да има помала потрошувчка, и пред се со искуството да „биде тука" да ги повлече младите играчи е тоа што Антиќ го правеше на премиерата во Каунас.
Вистински џокер...
Или подобро, на сите им доаѓа како „татко", сите го гледаат него, го поочитуваат, слушаат до збор. А тој има враќа со бодрење, а минатата вечер и со 17. Поени, три скоак и три асистенции.
Пред се Перо дава голем придонесе со шутот (3/5 за три и 4/6 од линијата за слободни фрлања. А оние шутеви „А-ла Дирк Новицки", се вистинско уживање за публиката, за љубителите на кошарката.
Игра која, јасно е, Антиќ ја игра и чувствува на посебен начин...
Тоа се дел од описите з апрвито овозесознки евролигашки настап на македонскиот ветеран кој, како што најави, за жал, ја игра својата веројатно последна сезона во кариерата...

„Без старца нема ударца" – гласи она што обично го велат Србите, „ црвено-белите" го прикажаа во Кауно Арената, нам и тоа како познато и историско место. Впрочем најискусните звездаши Перо Антиќ и Милко Бјелица (заедно 35. поени), покажаа дека е таков случајот.

Најново во Кошарка