ПЕРО АНТИЌ ПРЕД ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ НА ЕВРОБАСКЕТОТ

Богдан ми е цимер, навивам за Србија! (ВИДЕО)

Некогашниот капитен на македонскиот национален тим ќе биде за нашиот северен сосед, иако потсетува дека и во другиот тим, оној словенечкиот има голем број на пријатели.

објавено: 17 септември 2017 - 09:10

Перо Антиќ се врати во Србија. Во следната сезона ќе игра за белградска Црвена Звезда. Во изминатите беше дел од екипата на Фенербахче каде делеше и добри и лоши моменто со лидерот на српските „орли" Богдан Богдановиќ.

Затоа признава дека вечерва (20.30 часот) во големото финале на Евробаскетот ќе навива за Србија.
Еве и зошто некогашниот капитен на македонскиот национален тим ќе биде за нашиот северен сосед, иако потсетува дека и во другиот тим, оној словенечкиот има голем број на пријатели.

„Сигурно е дека Словенија е изненадување, жими мајка. Го гледавме мечот со другарите. И да добиеја, очекував тоа да биде со поен два, никако со дваесет, онака лесно...
Од друга страна Србија игра одлично икако им недостасуваат девет играчи. Но тоа може да се промени затоа што имаат фонд на играчи. Ќе биде тоа преубав натпревар. Се разбира, ќе навивам за Србија, Имам многу другари од Словенија. Но Богдан ми е другар, мој цимер, ќе навивам за Србија. Зборував и со Боги, но кога навиваш, мораш да навиваш за едни, а не и за едните и за другите. За Србија знаеме се. Играат тимска кошарка, па така и нема кој посебно да се истакне. Да излезе од некои работи кои не се планирани. Сите играат според систем кој носи до резултат" - порача новиот играч на белградска Црвена Звезда

Најново во Кошарка