НАШИТЕ ВО УНГАРИЈА

Бојан го преслуша Пипан, Керменд зема „слободна вечер" во Секешфехервар

Егис Керменд претрпе тежок пораз на гостувањето кај Алба (59:88), Пакс Атомерому со одличниот Бојан Трајковски беше сигурен против „фенерџијата" ТФ Будимпешта (93:69), каде од пред некој ден, нов тренер е екс-селекторот на Македонија и предводник на МЗТ Скопје, Алеш Пипан.

објавено: 12 јануари 2019 - 20:20

Бојан Трајковски и неговиот Пакс Атомерому играат се посигурно во шампионатот на Унгарија. Доказ плус за тоа е уште една победа, сега и во 15 круг од натпреварите. На гостински терен Трајковкси и соиграчите ја победија екипата на ТФ Будимпешта со убедливи (93:69).

Она што е поважно од крајниот резултат секако, е новата добра игра на Бојан Трајковски.

Репрезентативното крило на Пакс Атомерому реализираше 21.поен (4/7 за три, 4/6 за два и 1/3 за еден поен). Имаше и шест скока и една асистенција за  исто толку минути поминати во игра, со кои се „вгради" во овој триумф.
Осми за оваа екипа во 15.одиграни кола
Егис Керменд пак воопшто не ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Алба Фехервар, напротив тимот каде во улога на асистент-тренер е Бојан Христовски запиша вистински дебакл. второпласираната екипа во првенството на Унгарија загуби со неверојатни (59:88).
Тоа е четвртиот пораз за Егис Керменд во 15.одиграни кола, со кои остануваат на позицијата број 2.

Најново во Кошарка