РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ СЕ СЕЛИ ВО ТИРАНА

Брчков се договори со шампионот на Албанија, ќе дебитира против Блокотехна

Македонскиот репрезентативец, Владимир Брчков својата интернационална кариера ќе ја започне во дресот на Тирана.  

објавено: 29 септември 2017 - 10:40

Владимир Брчков ја одбра Тирана. Македонскиот репрезентативец кој имаше три понуди на неговата адреса, својата интернационална одлучи да ја започне во дресот на актуелниот албански шампион. Брчков е најавен како големо засилување во тимот, кој е предводен од некогашниот кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Милатовиќ. Во составот на Тирана настапува и екс-играчот на Пелистер, Фил Хокинс. 

„Беа најконретни во понудата. Денеска заминувам за Тирана, каде ќе се запознам со новите соиграчи. Станува збор за добро организиран тим, кој се натпреварува и во БИБЛ-лигата“, кратко ни изјави Владимир Брчков. 

Повратникот во македонската репрезентација своето деби ќе го има 10 октомври на гостувањето кај Блокотехна во рамките на првото коло во БИБЛ-лигата.

 

Најново во Кошарка