ИАКО БЕЗ ПЕРО АНТИЌ НА ТЕРЕНОТ

Црвена Ѕвезда ќе го лови Купот на Србија

Во полуфиналето од Купот "Радивоје Кораќ", топ фаворитот беше подобар од „филијалата", екипата на ФМП од Железник (98:82), па во битката за првиот трофеј во сезоната ќе го чека подобриот од мечот Партизан-Мега Бемакс.

објавено: 17 февруари 2018 - 19:40

Црвена Ѕвезда ќе игра во финалето на националниот Куп на Србија. Топ фаворитот за освојување на трофјеот Радивоје Кораќ, не ја повтори слабата игра од четвртфиналето, каде со многу среќа излегоа како победници во дуелот ос Борац од Чачак.

Во полуфиналната пресметка, и дуелот со ФМП од Железник, „црвено-белите" не оставија ништо на случајноста.

Рутинерски, макар и без помошта на нашиот Перо Антиќ стигнаа до триумф вреден финале (98:82).
Антиќ беше и единствениот играч во составот на Црвенa Ѕвезда кој не влезе во игра во ова прво полуфинале на собирот во Ниш.
Во она второто, од 21.часот ќе играат уште два АБА лигаши, Партизан и Мега Бемакс.
Да се надеваме дека Антиќ ќе заигра во мешот на одлука, и дека ќе го подигне победничкиот трофеј, „левицата на Жучко".

Најново во Кошарка