Црвена Звезда е првиот финалист на плејофот во српското првенство, откако со 2-0 во победи го елиминираше градскиот ривал Партизан. Вечерва, Звезда во улога на гостин, беше подобра со 81:73, благодарение на добрата игра во последната четвртина која „црвено-белите“ ја добија со 24-11. На трибините беше најдобриот српски кошаркар Богдан Богдановиќ, кој иако е близок пријател со Перо Антиќ, сепак навиваше за својот потранешен клуб Партизан.
Перо Антиќ за 22 минути имаше пет асистенции, а постигна три поени. Погледнете ја тројката на Перо: