АБА ШАМПИОНОТ ВО НОВО РУВО ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Црвена Звезда се „облече" во „Најки", овации за Перо Антиќ

После уводниот дек, играчите во „црвено-бела" комбинација, предводени од Перо Антиќ излегуваа пред публиката на легендарниот „Калемегдан", а најмногу аплаузи отидоа за најновото и најголемо засилување во тимот.

објавено: 20 септември 2017 - 09:00

Перо Антиќ го смени клубот, со тоа и клупските бои, но нема да го смени производителот на опрема.

Нашиот интернационалец носеше „Најки" како игра на Фенербахче, а ќе биде манекен на оваа спортска компанија и како еден од водечките ихграчи на белградска Црвена Звезда.


Антиќ беше и во центарот на вниманието на промоцијата на новиот технички спонзор на белградските „црвено-бели".
При најавата на новиот тим, Антиќ ги собра аплаузите на целото гледалиште на позната белградска тврдина.

 

Најново во Кошарка