СПОРЕД СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ КОШАРКАРСКИ ПОРТАЛ „СПОРТАНДО"

Де Коло ја предводи евролигашката елита, има место за Антиќ и Теодор

За помалку од 24 часа стартува новото издание на Евролигата... Кои се играчите кои ќе го одбележат најсилното европско клупско натпреварување... Џордан Теодор поставен на 37, а Перо Антиќ на 97 во ТОП 100...

објавено: 11 октомври 2017 - 22:30

Во тоа помага специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо", кој ги одбра 100 најдобри кои ќе се појават на паркетите во 16 арени низ Стариот континент.

Од таму одлучија дека Нандо Де Коло, кошаркарот на московска ЦСКА е најблиску до титулата за најкорисен играч во новата сезона.
Французинот важи за „крал на офанзивата", и е единствениот кој има преку 50% во шутот од поле, 40% од линијата зад 6.75 метри, и 90% од линијата за слободни фрлања во секоја од последните три сезони.
Сега, кога ги нема Богданнови, Теодосиќ и Љуљ, е топ фаворит за најголемото индивидуално признание.
Блиску до него е Василис Спанулис, постане на второто место, кој сеуште е еден до најдобрите стрелци во лигата. И клучен играч на Олимпијакос, во секој поглед.
Сериозна бековска конкуренција ќе имаат во Бредли Вонамејкер кој игрњето во Дарушафака го замени со она во Фенербахче, Секако и повратникот во Евролигата, Серхиот Родригез, кој ќе биде замена за Милош Теодосиќ и партнер на Де Коло во нападот на ЦСКА.
Фаворит „од сенка" е најдобриот руски кошаркар, Алексеј Швед, слично би можело да се каже и за „чудото од дете" на Реал Мадрид, Лука Дончиќ.
Јан Весели и понатаму ќе помага во одбраната н „Фенер" и ќе ја дига на нозе публиката во Истанбул, истата работа го чека и Јоргос Принтезис во Олимпијакос, но и Кајл Хајнс во ЦСКА.
ТОП 10, помалку и изненадувачки, се затвора со номинацијата на новиот играч на Барселона – Унгарецот Адам Ханга.

Македонија имас свои претставници во ова високо евролигашко друштво, Перо Антиќ кој продолжува да игра во Евролигата, но сега како играч на Црвена Звезда, и Џордан Теодор кој летоска заигра за нашиот национален тим, а во меѓувреме направи трансфер од Банвит во редовите на Миланска Олимпија, или Армани, сеедно...
А во ова акласификација на „Спортандо"', Џордан Теодор е поставен на 37 позиција. А опишан како МВП на ФИБА лигата на Шампионите кој направи трансфер во Олимпија од Милано, и тргна добро со миланезите затоа што е освоен Супер купот на Италија, а таму Македонецот со американско потекло беше прогласен за најкорисен играч.

Перо Антиќ пак е поставен на позицијата 97. Со образложение дека новиот играч на Црена Звезда важи за еден од најикусните играчи во Евролигата кои ја покриваат крилната позиција, и дека неговиот (нов) тренер Душан Алимпијевиќ од него очекува квалитетни минути и голем придонес во скокот, шутот надвор од периметарот, и секако да биде харизматичниот лидер на новиот „црвено-бел" тим.

 

 

Најново во Кошарка