ГОЛЕМ ТРИУМФ НА ГРАН КАНАРИЈА ПРОТИВ РЕАЛ

„Десетка“ од Мекејлеб за пад на „кралевите“ среде Мадрид

Тимот на Мекејлеб и Хендрикс имаше одличен почеток и водство од (23:9) по десет минути игра,  кое со мали осцилации го одбранија, и го победија топ фаворитот во неговата арена, (93:81)

објавено: 26 февруари 2017 - 20:30

Одлично прво полувреме имаа гостите од Канарските острови во Мадрид. Пред се тоа се однесува на првата четвртина во која изненадувачки, направија голема предност, поведоа со (23:9).
Двајцата Македонци не беа во почетните пет на тимот од Лас Палмас, па и нивниот ефект беше доста скромен во тие 20. минути од играта во кои Гран Канарија одеше со (44:33).
Хендрикс остана на клупата, додека пак Мекејлеб одигра нецели осум во кои реализираше три поени и две додавања.


Во третиот период се „активираше" Серхио Љуљ кој ги врати „кралевите" назад во мечот. По 24. поени од одличниот бек (и десет од Мачиулис), во 27.минута домашните кошаркари и на минус од три поени (56:59).
Но со шест поени во серија, токму „Летечкиот Бо" го одби тој напад на Реал. Гостите водеа со (64:58), на влезот на последната четвртина. А во тие десет минути Гран Канарија најде решение, и стигна до сензационална победа (93:81) против бранителот на шпанската круна.
Мекејлеб остана на ефектот од десет поени (4/5 за два и 2/4 за еден поен),три асистенции и еден скок за 19. минути во игра. Дуелот во Мадрид Ричард Хендрикс го одгледа од клупата за резервни играчи.
По 22 кола со скор (13-8), Гран Канарија е на 7. позиција во АЦБ лигата

Најново во Кошарка