Влегоа во кризен период

Десетка за Војдан, нов пораз за Бујукчекмече

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски одигра над 18 минути за Бујкчекмече против Сакарија и постигна 10 поени во новиот пораз на неговиот тим во турското првенство

објавено: 27 јануари 2018 - 20:25

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски одигра над 18 минути за Бујкчекмече против Сакарија и постигна 10 поени во новиот пораз на неговиот тим во турското првенство.

Сакарија славеше на домашен терен со 77:67 и само ја продлабочи кризата кај Бујукчекмече. Војдан и соиграчите влегоа во кризен период и имаат 4 порази во низа. И сега се во вртлогот, во опасната зона за испаѓање, па ќе мораат да почнат да победуваат, ако сакаат опстанок во најдилната турска лига.

Бујукчекмече има 21 бод на десеттата позиција, само еден бод повеќе од Трабзонспор кој е во зоната од која се испаѓа.

Најново во Кошарка