ИДНИНАТА И МИНАТОТО НА МАК-БАСКЕТОТ СЕ СРЕТНАА ВО ШПАНИЈА

Димитријевиќ ја доби битката со Мекејлеб

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд на домашен терен ја совладаа Сарагоса со 88-73. 

објавено: 10 февруари 2019 - 22:43

Хувентуд за кого настапува Ненад Димитријевиќ дојде до важна победа пред „Купот на Кралот“, на домашен терен ја совлада Сарагоса на Лестер Бо Мекејлеб со 88-73 во рамките на 20. коло во АЦБ-лигата.

Македонскиот репрезентативец го разигруваше својот тим. Одигра нецели 15. минути за кои постигна четири поени и подели пет асистенции. Доста интересно е што задолжен во одбраната за Нено беше токму Мекејлеб, кој пак имаше само три поени и една асистенција.

Хувентуд и натаму е на седмото место на табелата во шпанската лига. Следен предизвик за Димитријевиќ е „Купот на кралот“, во петок неговиот тим ќе ги одмери силите со Басконија. 

 

Најново во Кошарка