ОСУМ ТРИУМФИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕСЕТ КОЛА

Димитријевиќ со победа ја заврши сезоната

Нено не даде кош против Уникаха, но неговиот тим повторно славеше против силен тим

објавено: 24 мај 2018 - 22:20

Со осум победи во последните 10 кола од шпанската лига, екипата на Хувентуд обезбеди опстанок. Во последното коло кое се одигра вечерва, тимот на Ненад Димитријевиќ ја совлада Уникаха со 85:78. Младиот македонски плејмејкер, за 10 ипол минути не даде кош (утна три обиди за два поени), но имаше две асистенции. 

Хувентуд сезонава ја заврши на 15 место со скор 12-22 и се спаси од испаѓање поради одличните резултати од 1 април наваму, кога загубија само двапати. Со поразот, Уникаха си закажа дерби четвртфинале на плејофот против евролигашот Барселона. 

Најново во Кошарка