НАЈАВАТА ЗА СУСПЕНЗИЈА БЕЗ ВЛИЈАНИЕ

ДОДЕКА ЈА ЧЕКА КАЗНАТА: Нено играше за Хувентуд, и тоа добро!

Поради одложениот прв меч против Бреоган во гости, вечерашниот дуел со Андора во Бадалона, беше првиот за Ненад Димитријевиќ во новата сезона од АЦБ лигата.

објавено: 5 октомври 2018 - 22:41

Додека ја чека разврската на случајот кој го иницираше неговата матична федерација, македонската, Ненад Димитријевиќ заигра за екипата на Хувентуд.

И тоа во меч од второто коло на шпанската АЦБ лига.
На домашен терен во Бaдалона, Хувентуд со Димитријевиќ во тимот, ја пречека Андора. Во доста израмнет дуел, на крајот „зелено-црните" загубија со (65:75).
Димитријевиќ одигра нешто помалку од 12.минути. Период во кој реализираше седум поени. (0/1 за три, 2/5 за два и 3/3 за еден поен). Имаше и три скока и две асистенции за тоа време поминато во игра.

На спротивната страна пак беше уште еден потенцијален македонски репрезентативец, Шејн Витингтон.

Американецот со македонски пасош реализираше 17.поени, а имаше и шест скока за Андора.

Најново во Кошарка