ХУВЕНТУД НЕ ГО ИЗНЕНАДИ СЛАВНИОТ „СОСЕД“ ОД „БАЛУГРАНА“’

Две „тројки“ од Димитријевиќ во „метата“ Барселона

Само 24. часа откако доби продолжување на договорот од тимот од Бадалона, младиот Македонец прикажа добри минути во дуелот со многу поголемиот клуб од Барселона. За нешто повеќе од девет минути, младиот бек реализираше шест поени во поразот од дваесет поени (56:76).

објавено: 19 март 2017 - 14:20

Кошаркарите на Барселона се појавија во предградието на каталонската престолнина, наречено Бадалона. И си поминаа многу подобро отколку во изминатиот период, исполнет со голем број на порази, пред се во Евролигата.

Каталонскиот гигант беше многу појак од „соседите, односно кошаркарите во „зелено-црна" комбинација на овој меч. Особено во третата четвртина која ја решпија во свја корист со убедливи (29:6). И практично ги симнаа сите дилеми околу победникот. Хувентуд беше добар само во првото полувреме во кое беа во дефицит од само четири поени (28:32).

Само еден ден откако го продолжи договорот со својот „матичен клуб" во Шпанија, Ненад Димитријевиќ одново доби солиден „простор" за играње.

Во првите три четвртини одигра нешто повеќе од девет минути во кои реализираше шест поени (2/3 во шутот за три поени). Но не играше во последната во која Барса ја потврди победата (76:56).

Најново во Кошарка