СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ЗА НАШИОТ ЦЕНТАР

„Двојка" за Самарџиски, дебакл за Мега

Некогашниот македонски репрезентативец одигра нешто повеќе од девет минути во четвртфиналниот дуел против Партизан кој неговата екипа го загуби со (68:97) и е пред рана елиминација во српскиот плеј-оф.

објавено: 22 мај 2018 - 22:15

Најдобрите денови во кариерата се одамна зад Предраг Самарџиски.
Доказ за тоа е и оваа сезона која е пред крај за некогашниот македонски репрезентативец и неговиот клуб Мега Бемакс.
Во првиот меч од четвртфиналето на плеј-офот во лигата на Србија, белградски Партизан го прегази составот чиј дел од Самарџиски. Славеа „црно-белите" со повеќе од убедливи (97:68) и поведоа со (1-0) во серијата која се игра според системот „подобар во три“.

А Самарџиски мораше уште еднаш во оваа сезона, да се задоволи со улогата на резервен центар. Одигра нешто повеќе од девет минути во кои реализираше скромни два поени (шут од 1/3 од поле), и еден скок.
За два дена се игра вториот меч од серијата, во кој Мега Бемакс ќе биде во улога на домаќин вo салата „Мега Фактори“.

Најново во Кошарка