БРАЌАТА РОДЕНИ ВО ОХРИД, ИМАА НОВ ДУЕЛ ВО ТУРСКОТО ПРВЕНСТВО

Џеди го прегрна Џанер, па потоа го победи

Еден од најдобрите млади играчи во Европа најголемата мотивација ја доби на загревањето пред мечот. Имено, неговиот четири години постар брат Џанер работи како помошник тренер во Јешилгиресун, каде му помага и преведува на првиот тренер, Александар Трифуновиќ.

објавено: 27 март 2017 - 20:25

Победата на Анадолу Ефес на гостувањето кај Јешилгиресун мина во знакот на турскиот репрезентативец Џеди Осман, а се чини дека еден од најдобрите млади играчи во Европа најголемата мотивација ја доби на загревањето пред мечот.

Имено, неговиот четири години постар брат Џанер веќе не игра активно туку работи како помошник тренер во Јешилгиресун, каде му помага и преведува на првиот тренер Александар Трифуновиќ.


Помалиот Џеди и бате Џанер пред загревањето се прегрнаа, момент кој беше фатен од фоторепортерите во салата, а потоа двајцата отидоа на различни страни од теренот. Џеди беше прв стрелец на Ефес со 17 поени, а покрај тоа имаше и по пет скока и украдени топки, плус три асистенции.
Браќата Осман се родени во Охрид, но само Џанер играше за младинската репрезентација на Македонија и за наши клубови, додека Џеди, кој како мал ја има напуштено нашата земја и родниот град, се реши да настапува за Турција, а од следната сезона, веројатно, ќе заигра и во Кливленд кавалирс, како резерва за Леброн Џејмс.

Најново во Кошарка