ПЕРО АНТИЌ ВЕЧЕРВА СЕ ВРАЌА ВО АТИНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Емоциите се големи, но како профи ќе знам да ги контролирам

Имам многу пријатели во Атина, таму живеев 6 години. За градот ме врзуваат многу позитивни спомени и успеси. Но, сега сум играч на Фенербахче и сакам мојот сегашен тим да победи. Емоциите ќе бидат големи, но како професионалец, ќе знам да ги контролирам" - најави Антиќ пред дуелот со Олимпијакос закажан за 20. часот.

објавено: 29 декември 2016 - 18:30

Вечерашното гостување кај Олимпијакос не е обично за Перо Антиќ. Македонскиот центар за првпат по заминувањето од Олимпијакос ќе игра во салата „Мир и пријателство", која две години му беше домашен терен.
Антиќ во септември 2011, веднаш по Евробаскетот во Литванија, потпиша за грчкиот гигант, и за две сезони двапати стана европски првак, а еднаш освои трофеј и во лигата на нашиот јужен сосед. По качувањето на кошаркарскиот кров на Европа во 2012 и 2013, Антиќ замина во НБА лигата каде остана две сезони, а во летото 2015 се врати во Европа, но во Фенербахче.


Како член на турскиот клуб, Антиќ уште се нема сретнато со клубот, и со навивачката група чие лого го има истетовирано на раката. Перо во Атина е како дома, тој таму ја почна интернационалната кариера, кога беше играч на АЕК, а потоа го носеше дресот и на Олимпијакос.

„Имам многу пријатели во Атина, таму живеев 6 години. За градот ме врзуваат многу позитивни спомени и успеси. Но, сега сум играч на Фенербахче и сакам мојот сегашен тим да победи. Емоциите ќе бидат големи, но како професионалец, ќе знам да ги контролирам" - изјави Антиќ.

Од актуелниот состав на Олимпијакос, соиграчи на Перо во 2012 и 2013 му беа Василис Спанулис, Вангелис Манцарис, Костас Папаниколау и Георгиос Принтезис, а дел од нив му се блиски пријатели.


Најново во Кошарка