МАКЕДОНСКИОТ КОШАРКАР СЕ ОГЛАСИ

Емотивна порака на Антиќ до фановите и до Фенербахче

Некогашниот капитен на македонската репрезентација, Перо Антиќ не заборави да им се заблагодари на фановите и на Фенербахче.

објавено: 12 септември 2017 - 14:35

Некогашниот капитен на македонската репрезентација, Перо Антиќ не заборави да им се заблагодари на фановите и на Фенербахче. Тој пред малку им се обрати преку својот официјален „Инстаграм" профил.

„Изминатите две години за мене беа неверојатно искуство. Доживеав многу незаборавни моменти, бев дел од историскиот момент - освојување на титулата во Евролигата, заедно со група на одлични соиграчи, тренери...Не постојат зборови со кои можам да им се заблагодарам на фановите за поддршката. Ви благодарам за сè и ви посакувам се најдобро во иднина", пиша Антиќ на својот „Инстаграм" профил.

Македонскиот кошаркар со Црвена Звезда потпиша едногодишен договор и неговата официјална промоција е закажана за во четврток.

Најново во Кошарка