БУЈУКЧЕКМЕЧЕ НЕ ЈА ИСКОРИСТИ ПРЕДНОСТА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Европски „четири" за Војдан

Во првото елимианциско коло од ФИБА Европа купот, турскиот претставник загуби со минимални (88:89) во дуелот со Дњипро

објавено: 21 септември 2017 - 16:21

Резултатски неуспешен старт имаа кошаркарите на Бујукчекмече во Европа. На отварањето на квалификациите од ФИБА Европа купот, турскиот претставник загуби со минимални (88:89) од Дњипро.

Тимот на Војдан Стојановски имал одличен почеток, и убедлива прва четвртина (27:14). Но и лоша втора во која украинскиот тим се вратил во нормала".
Евро-премиерата Стојановски ја заврши со четири реализирани поени (1/5 од поле и 2/4 за еден поен), две асистенции и еден скок за 28:19 минути во игра.

Пораз и тоа двоцифрен, од (98:108), забележа уште еден турски тим, Трабзон. Екипата која од клупата  ја предводи нашинецот Заре Марковски, остана покуса за тие десет поени на гостувањето во Унгарија, кај Солнок. 

Најново во Кошарка