ТУРЦИТЕ ИМ СЕ РЕВАНШИРАА НА РУСИТЕ

Фенербахче е „отпорен“на минусни температури

За 18:32 минути во игра, во триумфот над Уникс во Казан (86:81), нашиот интернационалец заврши со ефект од седум поени (2/4 за три, 0/3 за два и 1/2 за еден поен), како и по два скока и исто толку асистенции.

објавено: 24 јануари 2017 - 19:18

Кошаркарите на Фенербахче „преживеаа" уште едно, навистина тешко гостување. Тешко во секоја смисла на зборот. Прво од одалеченоста, второ од условите кои во оваа зима владеат во Русија, и трето квалитетниот противник кој Перо Антиќ и соиграчите го имаа пред себе, Уникс во неговиот Казан.
Но европскиот вицешампион најде и начин, и сили, и средства сето тоа да го надмине и да победи со (86:81), и во многу да ја поправи „сликата" која ја создаде во овие 19. кола од Евролигата.
Ова беше 12. победа во 19. евролигашки мечеви за „сино-жолтите" од Истанбул со кои го задржаа оној чекор за првите пзиции на табелата во регуларниот дел од Евролигата.


По слабото, поентерски, прво полувреме, Перо Антиќ успеа со две тројки да го поправи вкупниот впечаток.
За 18:32 минути во игра, нашиот интернационалец заврши со ефект од седум поени (2/4 за три, 0/3 за два и 1/2 за еден поен), како и по два скока и исто толку асистенции.

Најново во Кошарка