БЕШИКТАШ ПОТПИША КАПИТУЛАЦИЈА

Фенербахче е турскиот првак!

Втор пат по ред, а во рок од само неколку дена, Фенербахче и Бешикташ одиграа драматичен дуел во финалето на турскиот плеј-оф, кој се решаваше во екстра период од пет минути. И уште еднаш европскиот првак најде начин да победи, (98:94) и да ја освои титулата

објавено: 16 јуни 2017 - 21:19

Шампионска промоција за Фенербахче во Турција. Иако беа многу блиску до пораз, првиот во финалната серија на плеј-офот, сепак, европскиот шампион не му дозволи на противникот, на Бешикташ да се израдува на една победа. „Црно-белите" беа ставени пред „морање", и успеаја да го изненадат големиот фаворит. Беа подобри во скоро целиот тек на средбата, но на крајот победи „Фенер".

По четвртти пат во серијата, сега со (98:94), доволно за „чистење", за (4-0) и нова титула во оваа сезона. По евролигашката, стигна и шампионската во Турција.
Фенербахче уште еднаш одигра без помошта од Перо Антиќ, кој уште еднаш во оваа финална серија остана на трибините.
„Сино-жолтите" беа во подредена улога на ова второ гостување. Но во последната минута, и двата „пенали" на „разбудениот" Богдановиќ, стигнаа до негатива од само два поени (77:79).
Потоа Стробери го најде патот до кошот на противникот, за комфорни (81:77), па натпреварот отиде во една „пенал-завршница" во која на еден волшебен начин, Фенербахче се врати. Стигна до нерешени (84:84), и обезбеди екстра време од пет минути.
Во тој дополнителен дел од играта, јасно е, многу повеќе се шутираа слободни фрлања, отколку што имаше обиди вредни за два и за три поени.
Но најважното од овој меч е крунисувањето на Фенербахче во нов турски шампион.

 

Најново во Кошарка