ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН МУ ПОСАКА СРЕЌА НА МАКЕДОНЕЦОТ

Фенербахче му се заблагодари на Антиќ

Откако Црвена Звезда го потврди трансферот на Перо Антиќ, се огласи и Фенербахче. Европскиот шампион му се заблагодари на македонскиот кошаркар и му посака среќа. 

објавено: 11 септември 2017 - 20:14

Откако Црвена Звезда го потврди трансферот на Перо Антиќ, се огласи и Фенербахче. Европскиот шампион му се заблагодари на македонскиот кошаркар и му посака среќа. Антиќ во таборот на турскиот тим дојде во сезоната 2015 од НБА-тимот на Атланта. 

Некогашниот капитен на нашата репрезентација со Фенербахче ги мина најубавите моменти, ја освои третата титулата во Евролигата, откако претходно тоа го стори со Олимпијакос.

„Нашиот тим одлучи да се раздели со Перо Антиќ, кој во нашиот тим дојде во 2015 година. На Перо му се заблагодаруваме за се што придонесе за нашиот тим и му посакуваме среќа“, е дел од порака на Фенербахче.

 

Најново во Кошарка