Пораз на нашите стратези во Еврокупот

Филиповски и Митев потклекнаа пред Ц. Звезда

Натурализираниот репрезентативец на нашата земја, Витингтон, со 8 поени во победата на Андора дома против Бреша.

објавено: 10 октомври 2018 - 22:03

Кошаркарите на Монако загубија на домашен терен во 2. коло од Еврокупот на дуел против белградска Црвена Звезда. Францускиот тим предводен од нашите стратези Сашо Филиповски и Боби Митев, иако имаше предност во најголемиот дел од мечот, на крајот не успеа да го издржи налетот на белграѓани во последната четвртина и претрпе пораз од 66:63.

За Монако ова е прв пораз во групната фаза на Еврокупот, откако во премиерното коло Филиповски и Митев го предводеа својот тим до стартна победа на гостувањето кај италијанска Бреша. Во следното коло пред Монако е уште еден предизвик на гостувањето кај германски Улм, кој како и Французите, по две кола има една победа.

Вечерва Андора на нашиот натурализиран репрезентативец Витингтон, славеше убедливо на домашен терен на средбата против италијанска Бреша. Во победата од 110:91, Витингтон постигна 8 поени за близу 12 минути поминати на паркетот.

Најново во Кошарка