ОЧАЈНА ИГРА НА ЗЕЛЕНИТЕ

Ѓуроски двоцифрен во дебаклот на Хуеска во Ваљадолид

Гостите едвај стигнаа до бројката од 50 поени за 40.минути игра...

објавено: 11 јануари 2019 - 22:51

Кошаркарите на Левитек Хуеска го запишаа најубедливиот пораз во сезоната во Голд оро лигата на Шпанија.
Во 17.коло од втората шпанска лига, тимот за кој оваа сезона настапува македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски е катастрофално поразен на гостувањето во Ваљадолид со 34.поени разлика, (50:84).
А нашето репрезентативно крило беше едeн од двајцата играчи во гостинската екипа кои запишаа двоцифрен број на поени.
За 29:14 минути во игра, високото крило постигна десет поени (1/4 за три, 2/5 за два, и 3/4 за еден поен), а имаше и три скока и две асистенции.
Ова е петти пораз на Левитек Хуеска во 17 одиграни кола од ова второ според квалитетот, натпреварувaње во Шпанија.

Најново во Кошарка