Деби настап за младиот гевгеличанец во Првата лига на Србија

Главчев тргна со „тројка“ и несреќен пораз

Младиот бек дебитираше на еден официјален меч за својот нов тим Младост-Земун

објавено: 9 октомври 2016 - 15:00

Ова лето беш доста работно за Горан Главчев. Пред се затоа што по завршувањето на сезоната со екипата на Кожув,младиот бек на гевгелиските „црвено-бели“ беше дел од нашиот сениорски национален тим на турнејата низ Кина.

Потоа, по оние промени, прво во раководството на клубот од Гевгелија, а потоа и во оној тренерски и играчки дел, Главчев се одлучи на промена на играчката средина, и тоа надвор од границите на Македонија.

А за негов нов клуб во кариерата, секако по оние години поминати во Кожув, ја одбра екипата на Младост од Земун. Навистина малку позната на нашата кошаркарска јавност. Но и клуб во кој полека но сигурно, Главчев си го најде своето место. Доказ плус за тоа се и оние 18. минуити кои ги доби од тренерот Драган Николиќ на отворањето на новата сезона во Првата лига на Србија. 

А нашиот сега веќе интернационалец,  „реагираше“ на укажаната шанса со реализација на три поени. Погоди еден обид од три, секако вреден три поени, имаше и еден нереализиран шут од дистанца. Затаоа пак собра и четири скока, а за тој период од играта загуби и две топки. 

Загуби и тимот од Земун, и тоа несреќно. На овој премиерен меч одигран во Панчево, буквално во последната секунда од играта, со минимални (67:68) од домашниот Тамиш 

Најново во Кошарка