СТИГНА ПОТВРДА ОД ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН

Дефинитивно Антиќ останува во Фенербахче

Некогашниот капитен на македонската репрезентација, Перо Антиќ и во следната сезона ќе го носи дресот на европскиот првак и ќе се обиде да дојде до четвртата круна во Евролигата. 

објавено: 29 јули 2017 - 13:00

Иако Перо Антиќ има уште една година договор со Фенербахче, сепак во завршување на сезоната во медиумите излегоа голем број шпекулации околу тоа дали македонскиот кошаркар ќе остане во таборот на европскиот првак.

Дел од медиумите во Турција, пишаа дека постојат шанси Антиќ повторно да се врати во НБА-лигата и тоа повторно како играч на Атланта. Сепак како одминува времето, станува се појасно дека некогашниот капитен на нашиот национален тим ќе остане во Истанбул.

Фенербахче денеска на својата официјална “Фејсбук“ страница му го честиташе роденденот на Анитќ, кој денеска наполни 35 години: „Денеска му е роденден на нашиот играч Перо Антиќ. Среќен роденден Антиќ“, е честитката на европскиот шампион.

И тимот на „Спортмедиа“ му го честита роденденот на Антиќ и му посакува голем успех и многу титули. 

 

Најново во Кошарка