Репрезентативецот не се најде на списокот

Иако е полн погодок за Питешти: Нема Ол-стар за Костоски

Македонскиот репрезентативец, Александар Костоски не се најде во списокот на кошаркари кои ќе бидат дел од романскиот Ол-стар.

објавено: 8 февруари 2017 - 13:27

Иако за кратко време се покажа како вистинско засилување за Питешти, Александар Костоски сепак нема да настапува на романскиот Ол-стар викенд. Македонскиот репрезентативец до сега одигра пет натпревари во дресот на Питешти и на сите имаше двоицфрен учинок.

Инаку Костоски и Питешти забележаа важна победа, по продолжение го добија дербито со Клуж со 101:99. Репрезентативниот плејмејкер имаше дабл-дабл учинок од 13 поени, 10 скока и осум асистенции. 

 

 

Најново во Кошарка