ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ „ВО АУТ“ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА

Илиевски поради повреда ги пропушта наредните два меча на Орландина

Македонскиот плејмејкер Владо Илиевски заработи повреда на последниот меч против Касерта и ќе мора да биде одредено време надвор од кошаркарските терени.

објавено: 11 ноември 2015 - 18:00

Струмичанецот се повреди во последниот период, а според лекарските проценки на тимот на Орландина, тој ќе мора да паузира најмалку десет дена затоа што заработил повреда на „примицачот“. Поради повредата, Илиевски ќе ги пропушти натпреварите против Кремона и Торино.

Македонскиот кошаркар во редовите на Орландина пристигна пред стартот на оваа сезона и стана главен разигрувач на тимот. Екипата на Орландина во Лега А по шест одиграни кола е на 11-тото место со скор 3-3.

Најново во Кошарка