РЕПРЕЗЕНТАТИВКАТА СЕ ЗАПИША ВО ИСТОРИЈАТА НА МАК-БАСКЕТОТ

Јелена Антиќ дебитираше во Евролигата

Јелена Антиќ е првата Македонка која заиграла во Евролигата. На дуелот против Екатеринбург во игра мина 15. минути за кои не успеа да се запише во листата на стрелци, а нејзиниот тим беше поразен со 79-68. 

објавено: 12 октомври 2017 - 14:06

Јелена Антиќ е првата Македонка која заиграла во Евролигата, не рачунајќи ја Криси Гивенс, која не е родена во нашата земја. На дуелот против Екатеринбург, репрезентативката во игра мина 15. минути за кои не успеа да се запише во листата на стрелци, а нејзиниот тим Висла беше поразен со 79-68.

Во следното коло, Висла на домашен терен го пречекува руска Надежда, ова ќе биде нова шанса за Антиќ да дојде до првите поени во елитното натпреварување, додека нејзиниот тим да дојде до првата победа. 

Во женската Евролига се појави и натурализираната Македонка, Криси Гивенс. Таа со Авенида, славеше победа на домашен над Монпелје со 64:34. Гивенс имаше 6 поени, 5 скока и три асистенции.

 

Најново во Кошарка