ФЕНЕРБАХЧЕ (ЗА) ГУБИ ВАЖЕН ДЕЛ ОД ТИМОТ

Јудо е нов „џезер", Антиќ останува со „канаринците"?

Најкорисниот играч на финалниот турнир од Евролигата има понуда вредна 6.5 милиони долари од Јута Џез.

објавено: 13 јули 2017 - 15:17

Евроклигашкиот првак Фенербахче е н добар пат да остане без уште еден и тоа како важен дел од екипата. По Богдан Богдановиќ, кој одбра да игра за Сакраменто Кингс, и без најкорисниот играч на финалниот турнир од Евролигатата – Екпе Јудо.


Пред се затоа што американскиот крилен центар е пред реализација на договор со НБА екипата Јута Џез.
Според „СДНА", станува збор за двегодишен договор вреден 6.5 милиони долари кои би ги земал еден од „слободните агенти" на Фенербахче.
Доколку двете страни ги усогласат условите, и Јудо се врати во Америка, тогаш поизвесно е дека Перо Антиќ би останал и трета година со популарните „канаринци".
Впрочем нашиот најдобар кошаркар и има еден таков договор од типот „два плус еден", што со оглед на моменталната ситуација го остава „внатре", во ростерот на европскиот првак.
Секако, претходно треба да се официјализира договорот на Јудо со Јута Џез, но и најавата дека и Јан Весели ќе биде дел од Фенербахче и во наредниот период.

 

Најново во Кошарка