ЧЕКОР НАПРЕД ЗА КАПИТЕНОТ

Конечно победа: Војдан и Бујукчекмече силно против Истанбул

Капитенот на македонската репрезентација за 22 минути во игра реализираше девет поени, три скока и една асистенција.

објавено: 4 февруари 2018 - 20:21

Војдан Стојановски и Бујукчекмече ставија крја на серијата на лоши игри и на порази во шампионатот на Турција.

И тоа на еден убедлив начин затоа што стигнаа до голем триумф над Истанбул со високи 29. поени разлика (107:78).
Стојановски и соиграчите зад кои беше четири порази во серија, одговорија на предизвикот. Доминираа скоро во целиот тек на „мини дербито во Истанбул", заслужено се радуваа на победата, шеста за нив во оваа сезона.
За 22. минути во игра, капитенот на македонската репрезентација реализираше девет поени, а имаше и три скока и една асистенција.

Најново во Кошарка