Се издигнаа над црните облаци

КОНЕЧНО РАДОСТ: Војдан и Бетис им се вратија на победите

Војдан Стојановски и Реал Бетис ставија крај на црната серија од седум порази. Капитенот на македонската репрезентација и неговиот тим на гостувањето кај Фуенлабрада славеа со 72-67. Победа забележа и Гран Канарија за кого настапуваат Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс. 

објавено: 19 март 2017 - 15:10

Војдан Стојановски и Реал Бетис ставија крај на црната серија од седум порази по ред. Капитенот на македонската репрезентација седум кола буквално се мачеа, се до денешниот дуел со Фуенлабрада, на кој славеа со 72-67.

Војдан имаше скромен учинок, за нецели 26. минути во игра постигна ќетири поени (2/5 за два поени, 0/1 за три), три скока и една асистенција.

Победа забележа и Гран Канарија, на домашен терен беше убедлива на дуелот со Манреса (95:76). Лестер Бо Мекејлеб беше втор стрелец со 18 поени, еден скок и три асистенции, додека Ричард Хендрикс имаше четири поени и исто толку скока.

По 24. коло во шпанската АЦБ-лига, Гран Канарија е на шестото место, додека пак Реал Бетис е на 13. позиција.

Најново во Кошарка