Нов триумф за македонскиот репрезентативец

Костоски го запечати и Динамо Букурешт

Македонскиот репрезентативен плејмејкер и неговиот нов клуб, Питешти ја забележаа втората победа во низа, откако на гостувањето кај Динамо Букурешт славеа со 72:64.

објавено: 22 декември 2016 - 18:54

По доаѓањето на Александар Костоски на тимот на Питешти дефинитивно му тргна. По триумфот на домашен терен, овој пат македонскиот репрезентативец и неговите соиграчи ја забележаа втората победа, откако на гостувањето кај Динамо Букурешт славеа со 72:64 (21-14, 10-18, 14-23, 19-17) во рамките на 13. коло во романскиот шампионат.

Костоски повторно го имаше главниот збор во редовите на Питеши. За 31. минута во игра постигна девет поени (1/5 за три, 2/4 за два, 2/2 за еден поен), три скока, две асистенции и две загубени топки.

Со двата поени на македонскиот репрезентативец, Питешти на две и пол минути до крајот дојде до двоцифрено водство од 57-68, а со двете слободни фрлања во последните секунди Костоски стави печат на победата.

По некомплетното 13. коло Питешти се наоѓа на третата позиција со еден натпревар повеќе од Сибиу.

 

Најново во Кошарка