ТИМОТ НА НАШИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ЛОШ РИТАМ

Костоски со 12 поени, но Питешти пак загуби

Репрезентативниот бек одигра солидно, но неговиот тим беше поразен на свој терен со 10 разлика

објавено: 15 март 2017 - 19:30

Александар Костоски даде 12 поени за речиси 28 минути поминати на теренот, но неговиот Питешти повторно загуби во романското првенство. Овојпат, пред своите навивачи, Питешти  загуби од Орадеа со 76:86 и остана на шестото место во трката за плеј-офот. 

Костоски реализираше 3/4 за два поени и 2/5 за три поени, а имаше и пет скока и четири асистенции. Уште тројца негови соиграчи беа со двоцифрен број на поени, но тимот го претрпе третиот пораз во низа, а дури петти во последните шест средби.

Питешти сега има 50 отсто учинок, односно по 24 одиграни дуели е со биланс од по 12 победи и исто толку порази, но по овој неуспех заостанаа две победи токму зад Орадеа. 

Најново во Кошарка