ГОЛЕМ ТРИУМФ ЗА БЕТИС

„Кралот“ на колена пред Стојановски во Севиља

Иако имаше проблеми со личните грешки, Војдан Стојановски дојде до ефект од десет поени (2/3 за три и 2/4 за два поени) и три скока, реализирани за 21:43 минути на теренот на кој прославија минимална, но огромна победа над Реал Мадрид (86:85).

објавено: 27 декември 2016 - 23:28

По Божиќните празници, големиот Реал Мадрид дојде на гости во Севиља, и „падна“...

Бетис Севиља беше подобра од „кралевите“ за еден поен, славеа Војдан Стојановски и соиграчите со минимални (86:85).

Стојановски се најде во стартната петорка која на теренот во Севиља ја извади домашниот тренер Жан Табак. Но поради две „брзи“ лични грешки во првото полувреме одигра нешто помалку од осум минути. За тоа време реализираше два поени (1/2 од поле) и еден скок, Домашната екипа беше во пет поени заостанување (41:46) во однос на големиот фаворит.

Долго време Стојановски и соиграчите ја бркаа негативата. И на околу две и пол минути пред крајот, ја достигнаа, Израмнија на (78:78), па тој период го претворија во крајно неизвесен. На 40 секунди пред крајот дури и преминаа во водство (84:83). Во следниот напад Тригуеро реализираше две слободни фрлања за нов минималец (86:85), но отави само 17 секунди за играње во кои гостите од Мадрид не стигнаа да поентираат.

Иако имаше проблеми со личните грешки, Војдан Стојановски дојде до ефект од десет поени (2/3 за три и 2/4 за два поени) и три скока, реализирани за 21:43 минути на теренот.

Гран Канарија имаше неверојатно прво полувреме во дуелот со Баскониа. Предводени од неверојатниот Лестер Мек Кејлеб, момците во „жолто-сина“ комбинација по 10. минути играа имаа плус од 16. поени (22:6), а таа предност ја одржаа и до истекот на полувремето (40:24).

Некогашниот македонски репрезентативец тргна феноменално., Ги реализираше сите пет шута од поле (една тројка) и за 11:29 минути во тој дел од играта комплетираше 11. поени, како и по два скока и асистенции.

Во вториот, евролигашот заличи на себе, и со серија од (13-3) стигна до достижен минус од шест поени (37:43). Но ништо повеќе од тоа, затоа што Мек Кејлеб и соиграчите го одбија тој силен напад. Ја држеа предноста на двоцифрена, и на крајот реализираа голема победа (74:61).

На крајот, за 21:15 минута во игра, Мек Кејлеб комплетираше ефект од 16. поени (1/2 за три и 7/8 за два поени), но и три скока, две аистенции.

Вториот „Македонец“ во Гран Канарија, Ричард Хендрикс пак реализираше шест поени (3/4 за два поени) и исто толку скока за 16:42 минути во игра. 

 

Најново во Кошарка