ИМААТ ПРИЧИНИ ЗА ГОЛЕМО СЛАВЕЊЕ

„Македонско девојче" во дует-изведба на Ацо и Тити (ВИДЕО)

Во едно од најексклузивните места во бугарската престолнина, „Клуб 33" во студентскиот град, кај Левски Лукоил доминираше тандемот Константин Папазов-Александар Тодоров.

објавено: 30 мај 2018 - 12:50

Левски Лукоил стана шампион на Бугарија. Тимот каде во улога на асистент тренер е нашиот Алкесандар Тодоров ја затвори финалната серија со Балкан со (3:1). Доволно уште во Ботевград да почне големо славење на „сините".

Макар и за кратко, затоа што комплетниот состав на „сините" за кратко време се префрли во Софија.
А таму титулата беше прославена на спектакуларен начин. Во едно од најексклузивните места во бугарската престолнина, „Клуб 33" во студентскиот град, кај Левски Лукоил доминираше тандемот Константин Папазов-Александар Тодоров.
Во моментите на најголемото славење, двајцата тренери се фатија за микрофонот, и во дует, на барање на нашиот стручњак, го испеаја големиот македонски народен хит „Македонско девојче".
Како изгледаше, како звучеше нивната изведба...

Најново во Кошарка