НЕНАД ЈОВАНОВИЌ СО МНОГУ МЕДАЛИ ВО ПРВАТА „СТРАНСКА СЕЗОНА“

„Малата ѕвезда" која сјае и над Рим

Во Скопје се врати побогат за едно големо искуство, но и полн кофер со трофеи, пехари... Што златни, што дипломи, признанија, па дури и една мрежичка, како спомен за освојувањето на титулата во Италија во првенството за кошаркари „Под 15" години.

објавено: 11 јули 2018 - 18:00

Нено Јовановиќ ја одработе својата првата интернационална сезона, како играч на римската Стела Азура.

Можеби беше најмлад, не само кај своите врсници, посебно кај колегите кои се една година постари, сепак, момчето од Драчево покажа дека иборот на се подобриот римски младински колектив за Јовановиќ бил полн погодок.

„Не ми е воопшто тешко кога сум опружен со такво внимание кое клубот ни го посветува нас – кошаркарите. Секако, во првите денови има проблеми, но како одминуваат, така тие полека но сигурно исчезнуваат"- вели ова 14. годишно момче, кое веќе може да се пофали и со титула за време на едногодишниот престој во Рим.

„Да, ја освоивме титулата во категоријата 'Под 15' години. Драго ми е што радоста можевме да ја поделиме со Дино Боцевски. Мислам дека без конкуренција бевме најдобрите во таа возрасна категорија".

Останува да жали што не биле први на финалниот турнир во носечката, во нивната возрасна категорија...

„Малку недостасуваше да играме во големото офинале, а на крајот завршивме како четвртти. Но тоа е кошарката затоа е таков убав спорт, во кој понекогаш одлучува една топка. Како и да е одиме понатаму. Нема застанување"- вели Јовановиќ.

Сепак, годината ќе ја памети по многу работи. Најмногу по оној напорен календар, кој е скоро незамислив за наши прилики.

„Не сум броел, но мислам дека одиграв повеќе од 60. натпревари во сезоната. За нас звучи неверојатно, но тоа е реално во Италија. Секако освен настапите за У-14 и У-15 тимот во шампионатот на Италија, каде се игра по еден друг систем. Бевме гости и на повеќе турнири, што ја прави таа бројка на одиграни натпревари. Но сметам дека тоа е она што ни треба на нас младите кошаркари".

Следува мал одмор, а веќе од првиот ден на август и оние први, вистински репрезентативни активности. Подготовките за учество на силниот турнир за кошаркари „Под 14" годин, „Словениа Бол" во Словењ Градец.

„И јас би сакал да имаме повеќе заеднички тренинзи со моите другари од селекцијата 2004, но приликите, ете, не ни дозволуваат да го направиме тоа. За тоа кратко време се надевам дека изградиме, ќе направиме една 'хемија' потребна за настапи на такви натпревари и ќе бидеме подготвени за овој силен турнир, прв за нашата генерација кој е на едно повисоко ФИБА ниво"- дополнува нашиот талентиран кошаркар кој почна да ги троши првите денови од одморот. И тоа како потребен ако се земе в предвид дека обврските кон Стела Азура му завршија дури пред неколку дена.

Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка