Голема победа за Гран Канарија

Мекејлеб го замолкна Краснодар

Натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекејлеб донесе радост во редовите на Гран Канарија. На седум секунди ги погоди двете слободни фрлања за конечни (68;66). 

објавено: 31 јануари 2017 - 20:11

Екипата на Гран Канарија извојува голема победа на гостувањето кај Лоломотив Кубан и тоа благодарение на Лестер Бо Мекејлеб. Натурализираниот Македонец, на седум секунди до крајот ги погоди двете слободни фрлања за конечни 68:66, и прв пораз на рускиот тим во Топ 16 фазата од Еврокупот.

Мекејлеб со 13 поени беше и прв стрелец во редовите на шпанскиот тим. За 22:28 минути во игра, имаше три скока, пет асистенции и три украдени топки.

И Ричард Хендрикс имаше свој учинок во триумфот, токму по последниот шут на рускиот тим во последните секунди оствари дефанзивен скок. Покрај ова, силното крило средбата ја заврши со девет поени, пет скока и една асистенција.

По 5. коло од Топ 16 фазата во Еврокупот, Гран Канарија се наоѓа на второто место на табелата во групата „Е“ со три победи и два порази. Води Локомотив Кубан со (4-1). 

Најново во Кошарка